Меѓаши: 10.000 деца бегалци се грабнати и киднапирани

Views 2

ТВ АЛФА 20.06.2016 Меѓаши за Меѓународниот ден на бегалците: Да ја негуваме солидарноста Секој ден илјадници семејства во светот насилно се принудени да ги напуштат своите домови. Тоа се луѓе како вас, луѓе како ние! Тоа се луѓе кои за да го избегнат насилството оставиле се, освен нивните надежи и соништа за посигурна иднина. На тој пат кон спасот 10.000 деца багалци се грабнати и киднапирани! Ние сите мораме да сториме се, тоа е наша должност како луѓе, да ги вратиме овие деца кај нивните родители, роднини или старатели. Жалосно е да се напомене дека тие се жртви на: трговија со деца, детски органи, секс туризам, детска проституција, детска порнографија, нелегално посвојување, злоупотреба на децата и нивниот труд… Имено, потсетуваме на Конвенцијата на обединетите нации за сузбивање на трговијата со жени и деца донесена од страна на Лигата на народите во 1921, Конвенција против транснационален организиран криминал, донесена од ОН во 2000 година, со цел поголема и подобра соработка за превенција и борба за сузбивање на организираниот криминал. Истата е надополнета со Протоколот за превенција, сузбивање и казнување на трговијата со луѓе, особено со жени и деца (кој е прв инструмент кој ги третира сите аспекти на трговијата со луѓе, на универзален начин кој во сила влегол во декември 2013 година). Ги потсетуваме државите и на Протоколот против криумчарење мигранти по копно, вода и воздух (кој стапил на сила во јануари, 2004 година) што Македонија го има потпишано во 2000 год и ратификувано во 2004.

Додади го твоето име на петицијата и испрати го својот глас на поддршка и аларм до сите влади a особено до сите европски држави да се мообилизираат и да ги пронајдат 10.000 деца багалци кои се грабнати и киднапирани“, порачуваат од Меѓаши.
http://www.unhcr.org/refugeeday/

Меѓаши за Меѓународниот ден на бегалците: Да ја негуваме солидарноста

„Денес е 20 јуни, Меѓународниот ден на бегалците. Милиони деца како жртви на војни пребегнуваат во други земји. Децата се најранливата популација во вонредни ситуации, се соочуваат со опасности од насилства, искористувања, болести, киднапирања, занемарувања… воените конфликти, како овој во Сирија, очигледно ќе остават последици кај една цела генерација деца кои секојдневно се жртви и сведоци на насилства и уништување.

Иако ги нема повеќе на првите страни на весниците и не се толку често на ударните вести на информативните програми, да не заборавиме дека на неколку километри од нас постојат и живеат деца и возрасни, луѓе со тешки судбини кои бегаат од војна и на кои им е потребна нашата поддршка.

Share This Video


Download

  
Report form
RELATED VIDEOS