ЗАСТАПУВАЊЕТО НА МЕЃАШИ ВРОДИЈА СО ПЛОД - СЕ МЕНУВА КРИВИЧНИОТ ЗАКОНИК Хемиска кастрација и построги затворски казни за педофилите

Views 5

ЗАСТАПУВАЊЕТО НА МЕЃАШИ ВРОДИЈА СО ПЛОД - СЕ МЕНУВА КРИВИЧНИОТ ЗАКОНИК
Македонска телевизија 2 ноември 2013 Новинар Филијана Кока Изјава Драги Змијанац Основач и директор на Првата детска амбасада во светот Меѓаши
Хемиска кастрација и построги затворски казни за педофилите
Од Првата детска амбасада во светот Меѓаши велат се задоволни од најавените измени и додаваат дека голем број од нивните предлози и иницијтаиви се земени предвид во измените и дополнувањата на Кривичниот законик. Меѓаши во повеќе наврати бараа заостување на казните за сексуланите злосторници, родосквернувачи и педофили како и воведување на хемиската кастрација која во предлогот за измени се нарекува медицински третман.
-Со овие измени ќе им се пружи подобра заштита на децата, на оние на која им е најпотребна. Меѓаши безброј пати досега апелираше до надлежните органи и бараше заострување на казните и воведување на хемиска кастрација.
Задоволен сум од измените и се надевам дека што побрзо ќе бидат имплементирани. Ние баравме уште построги казни, па така за полов напад на дете кое не наполнило 14 години ние баравме минималната казна да биде 15 години, а не 10 години бидејќи ова најтешко кривично дело остава трајни полседици и траумикај детето жртва. Она што многу не изненади, а беше наша препорака е да се санкционира говорот на омраза која е заснвана на верска, расна или дискриминаторска основа, изјави Драги Змијанац основач и директор
АПЕЛИТЕ НА МЕЃАШИ И ЕКСПЕРТИТЕ ВРОДИЈА СО ПЛОД - СЕ МЕНУВА КРИВИЧНИОТ ЗАКОНИК
Минимална затворска казна од 10 години, доживотен затвор и задолжителна терапија со која се неутрализира нагонот е минимум што може да се стори за да се заштитат децата од сексуалните предатори
Педофилите во Македонија конечно ќе го добијат заслуженото, хемиска кастрација и високи затворски казни. На вчерашната дебата во Врховниот суд беа прифатени измените на Кривичниот законик во делот со педофилијата и тие во најкус временски рок ќе бидат имплементирани.
Измените доаѓаат по големиот број предлози на Првата детска амбасада Меѓаши, кои бараа ригорозни казни и воведување на хемиска кастрација како единствен метод со кој ќе се превенира оваа појава и ќе се заштитат децата од сексуалните предатори.Покрај тоа за осудените педофили ќе биде задолжена хемиската кастрација, односно медикаментозен третман, која е дијаметрално спротивна од хируршката кастрација.

Share This Video


Download

  
Report form
RELATED VIDEOS