Злоупотреба на деца во изборните кампањи: Кој е одговорен?

Views 4

Злоупотреба на деца во изборните кампањи: Кој е одговорен?
Oct 8, 2017 Ако можат политичарите, можат и децата, да ветат по нешто, кое подоцна нема да го исполнат. Следејќи го примерот на политичарите и нивниот говор за време на митинзите, овие деца се одлучиле на комичен начин да ни ја претстават изборната кампања на партиите. Од прикажаното, може да се каже дека не се далеку од вистината.

Но, овие деца го направиле видеото од забава. Сепак, има нивни врсници кои навистина се дел од изборната кампања на одредени политички партии или политичари, кои не ретко вешто ги користат малолетниците за добивање на симпатии кај гласачите. Според законот, но и според сите меѓународни конвенции за заштита на правата на децата, ова се смета за злоупотреба на деца. Во членот 11 од законот за заштита на децата се вели.

„Се забранува злоупотреба на децата поради политичко или верско организирање и дејствување”, се вели во законот.

Од првата детска амбасада во светот „Меѓаши“, апелираат децата да не се користат во изборната кампања од страна на партиите и политичарите.

„Базирајќи се на меѓународните конвенции за заштита на правата на децата, но и во декларацијата од 1991 година која беше донесена од страна на Собранието на Република Македонија, ние сме против злоупотребувањето на децата во изборните кампањи. Бараме од сите политички субјекти кои се вклучени во оваа кампања, да не ги злоупотребуваат децата за добивање на политички поени“, вели Фатмире Ајдари од „Меѓаши“.

Но, вината не е секогаш кај политичарите. Во голем број случаеви самите родители одлучуваат на партиски митинзи да одат заедно со нивните деца. Во таква ситуација партиите или политичарите не можат да сторат ништо.

Политикологот Џенис Сулимани вели дека повторувањето на овој феномен се случува поради немање на механизам за сакнции на политичките партии кои го прават тоа.

„Нефункционалноста на законите, не спроведувањето на санкциите, создава можност во изборните кампањи да се појават слики каде може да се забележуваат деца со боите на разни политички партии. Ова нормално дека може да се спречи тогаш кога ќе се спроведат санкциите и кога партиите ќе го добијат заслуженото“, додава Сулимани.

Досега, во Македонија, ниту една партија или политичар не е санкциониран за злоупотреба на деца во политички цели, иако голем број на такви случаи се регистрирани.

Бајрам Мемети

Share This Video


Download

  
Report form
RELATED VIDEOS