МИРОВНИОТ МАРШ ЗА ЧИСТ ВОЗДУХ И ВО ВЕЛЕС
Традиоционално во Велес по петти пат се организира мировен марш
ОДБЕЛЕЖАН 21 СЕПТЕМВРИ - СВЕТСКИОТ ДЕН НА МИРОТ
Нашето училиште СОУ „Гимназија Кочо Рацин“- Велес, веќе петта година е вклучено во проектот „Мировно образование“. Една од активностите кои се реализираат во рамките на проектот е традиционалната Парада на мирот, по повод 21 Септември - Светскиот ден на мирот. Оваа година, овој значаен ден за сите нас, го посветуваме на загадувањето на воздухот со цел да се придружиме на глобалната акција „За чист воздух и здрави деца“. Децата се посебен народ – се вели во Повелбата на Детската амбасада „Меѓаши“. Тој народ заслужува да го ужива своето елементарно право – правото на чист воздух! Правото на детето да дише! Правото да се биде жив! Правото на движење, правото да излегува надвор на отворено! Сите овие права се скратени кога воздухот е загаден.
Мировниот Еко марш, започна во 10.15 часот од горниот влез на училиштниот двор и продолжи сè до Градската аптека и преку Младинскиот парк, повторно заврши во училиштниот двор.
Еко – активностите, продолжија со доделување на награди на учесниците на литературниот и ликовниот конкурс на тема „Чист воздух – здрава средина“.
На конкурсот пристигнаа шеесет литературни творби од основните и средните училишта од градот и околните места, за што од сè срце Ви благодариме! Пофалени се сите ученици, учесници на конкурсот, а наградени се следниве:
Од основните училишта:
Прво наградена е ученичката: Паола Димитрова од VI5 одд. од ООУ „Васил Главинов“; ментор: Каролина Попова
Второ наградена е ученичката: Елена Ивчева од IX1 oдд. од ООУ „Блаже Конески“; ментор: Иванка Славковска
Трето наградена е ученичката: Бојана Спасовска од IX одд.од ОУ „Стојан Бурчевски Буридан“; ментор: Наташа Брезовска Богоевска
Од средните училишта:
Прво наградена е ученичката: Ленче Ѓорѓиова од I5 клас од СОУ „Гимназија Кочо Рацин“; ментор: Александра Стојановска
Второ наградена е ученичката: Наталија Купенкова I год. од ССОУ „Димитрија Чуповски“; ментор: Верица Николова
Трето наградена е ученичката: Моника Стефановска од IIIв клас од СОУ „Јовче Тесличков“; ментор: Жаклина И. Зафирчева
На ликовниот конкурс се наградени учениците: Александра Митева, Ева Димитриева и Зоран Нацев, сите од СОУ „Гимназија Кочо Рацин“.
Одговорeн професор: Магдалена Сарагинова