Мировен марш за чист воздух во Скопје

Views 0

Коалицијата за чист воздух О2 и Првата детска амбасада во светот Меѓаши заедно со уште 18 граѓански, невладини организации, ги повикуваа граѓаните на мировен марш за правото на чист воздух Почетна точка на акцијата беше преде Владата на РМ, по што се помина низ булеварот „Илинден“ и булеварот „8 септември“ каде учесниците се споија со партнерските граѓански организации „Ние сме Карпош 4“ и „Карпош 3“ кои исто така имаа мирен протест.
- Децата имаат право на чист воздух. Децата имаат право на здрава животна средина. Aерозагадувањето е еден од главните фактори за смртност кај децата. Алергии, астма, бронхит и низа други респираторни болести, ова се само дел од последиците по здравјето на младиите како резултат на енормно загадениот воздух. Загадувањето на воздухот е еден од главните фактори за смртност кај децата. Со загадувањето, на децата им е нарушено најелементарното право на живот. Секое второ дете се лекувало од респираторни болести кои најчесто се директна последица на загадениот воздух.Загадувањето на воздухот, животната средина и природата е кривично дело и за последиците по здравјето на децата треба да одговараат сите кои на директен начин придонеле и се одговорни за состојбата – истакна Драги Змијанац, претседателот и основач на Првата детска амбасада во светот Меѓаши. Во Мировниот марш, со свои активности се вклучија вклучени и ученици од основните и средните училишта од повеќе градови, а поддршка даваат и општините.

Share This Video


Download

  
Report form
RELATED VIDEOS