21.03.2010 20:27 Колку ваквото свесно или несвесно однесување на државните репрезенти може да придонесе за влошување и на меѓуетничките односи. Какви се тие и зошто последната анкета на рејтинг даде поразителни резултати. Ова е една од темите на кои ќе разговара Ким Мехмети, во Вестите на А1. Анкетата на рејтинг кога беше објавена во Дневник загрижува сериозно. Почнавме да се делиме иако одамна се делиме, но ова е загрижувачко веќе. Се делиме на Македонци и Албанци живееме во паралелни светови имаме сосема спротивставени ставови. 93 % од албанците не ја одобруваат политиката на Груевски за меѓуетничките односи, 33 % од македонците ја одобруваат.