Во темата на денот разговараме со првиот човек на Меѓаши, Драги Змијанац

Views 1

ВИДЕО | Змијанац: Секс-кампот за извидници е злоупотреба на деца и не смее да помине без одговорност
Ж.Н.

Првиот човек на Детската амбасада „Меѓаши“, Драги Змијанац, коментирајќи го скандалозниот случај со непримерни сексуални активности на малолетници во извиднички камп, кој го објави „Слободен печат“, вели дека очигледно се работи за злоупотреба на деца и дека организаторите мора да бидат повикани на одговорност.

– Знаеме што е извидништво, сите сме биле, да поставуваме шатори, да го засилиме физичкиот, ментален и духовен развој на младите луѓе, да кампуваме, но ова е навистина загрижувачки. Не смее да има амнестија од одговорност, рече Змијанац во вечерашното гостување на ТВ Сител.

Случајот со кампот, организиран од Првиот скопски извиднички одред минатата недела, го откри „Слободен печат“, пренесувајќи сведоштво на родител на девојче кое побарало помош од психолог поради траумите од скандалозните активност организирани за 16-годишните учесници. Според сведоштвата на децата, кои во меѓувреме беа потврдени и од други родители, активностите вклучувале боење на половите органи, соблекување на облеката и прашување колку сексуални партнери имале децата. Целиот настан бил спакуван како натпревар, па така сите активности носеле соодветни бодови, при што повеќе се вреднувале и бодувале активностите каде децата соблекувале поголем дел од облеката.

По два дена молк, денеска се огласија и организаторите на извидничкиот камп, кои во соопштение наведоа дека настанот, наречен „Секс, скаутс енд рокенрол“ „не претставува никаква манифестација на неморал, блуд или сексуално вознемирување“, како и дека активностите биле погрешно протолкувани во јавноста.

Змијанац ги охрабрува дојавувачите да бидат во што поголем број, затоа што оваа, според него, масовна злоупотреба на деца, не смее да помине неказниво.

– Апелирам до родителите во иднина да не даваат согласност, да побараат агенда за настаните и средба со организаторите, да бидат многу мобилни и во директен контакт со децата, рече Змијанац во гостувањето на Сител и додаде дека со притисок од медиумите и од детската амбасада, ќе се донесе правична одлука.

„Бараме одговорност од ЈО и МВР и апелираме до засегнатите деца да се јават на нашите оператори за да им дадеме прва психолошка помош“, додаде тој.

Share This Video


Download

  
Report form
RELATED VIDEOS