Најавен бојкот на наставата во градинката Кочо Рацин во Скопје ТВ Сител, 15.01.2018
Родители најавија бојкот на градинката Кочо Рацин поради промена на воспитувачката, која до сега успешно ја водела најмалата група. Без претходна најава и период за адаптација на децата, воспитувачката е префрлена во друг клон, а на нејзино место е поставена друга наставничка. Поради овие промени родителите се соочуваат со голем проблем, бидејќи децата се вознемирени и одбиваат да одат во градинка. Неколку недели водат институционална битка, но без успех.
- интервениравме најпрво кај директорот на градинката од каде бевме дрско вратени со изговор дека се работи за деца кои мора да се навикнат и не може поради нив да не се прават кадровски промени. Реагиравме и во општината Центар и во Министерството за труд и социјална политика
Поддрша добија од Првата детска амбасада Меѓаши, оттаму потенцираат повредени се правата на децата. Змијанац им препорача да се обратат и до народниот правобранител. Dragi Zmijanac
Според МТСП не се прекршени правата на децата. Оттаму реагираат дека нивната надлежноста е во делот на давање согласност за вработување, додека самото вработување и распределување на кадарот е во надлежност на општините, односно на директорите на установите за детска заштита.
- Министерството може да реагира само во случај кога се прекршени одредбите од Законот за заштита на децата, каде што децидно се наведени случаите кога е сторена повреда во делот на заштита на децата згрижени во установи за деца.
Голем број родители своите деца нема да ги носат во градинка се додека како што велат , не се реши проблемот и да ја вратат воспитувачката. Оние пак кои немаат друга алтернатива, децата во градинка ги испраќаат со порака на ранче – Ја сакаме Сузе назад.
Мирјана Давидовска