Граѓани протестираа пред Влада и ја потсетија власта за одговорноста за загадувањето Драги Змијанац

Views 2

Граѓани протестираа пред Влада и ја потсетија власта за одговорноста за загадувањето
Скопје протестира: Воздух сега!
Воздух сега! Граѓаните побараа итно решавање на проблемот со загадениот воздуx,.
Имам право на чист воздух!
Спасете ги децата од загадувањето!
16/12/2017 - ВЕСТИ, ГРАЃАНИ
„За време на маршот на 21 септември видовме многу политичари кои ветија дека ќе ја подобрат состојбата, дури градоначалниците потпишаа заложби да ја стават ситуацијата под контрола. Наша задача е да ги потсетиме за ветувањето, да ги опоменуваме да преземат одговорност и децата да не трпат последици по нивното здравје. Тоа е нивна обврска и со Уставот, и со Конвенцијата за правата на децата“.
Ова беше главната порака на Драги Змијанац од Меѓаши и од О2 Коалицијата за чист воздух на денешниот протест пред Владата на Република Македонија. Но, оваа не е порака само на Змијанац. Граѓаните што излегоа денес да протестираат против загадувањето побараа итни и конкретни мерки. Властите конечно да почнат да спроведуваат „опипливи“ решенија за горливиот проблем со отровниот воздух.
„Забележуваме дека Министерството за образование е подготвено да одговори соодветно на нашата реакција да не се пуштат децата во екстремни услови. Кога ПМ10 честичките се над 75, 200, 400… а може брзо да се случи 1.000 микрограми, поддржуваме да се бојкотира настава, да се организираат масовни протести, граѓанска непослушност, блокирање на патишта, се’ со цел да се подобри состојбата и брзо да се намали прагот за алармирање (за загадувањето). Да биде максимално 75 и ‘алармот’ да ѕвони два дена последователно. По два дена ако не се намали под 75, по автоматизам да се прогласи вонредна состојба, која, пред се’, го повредува здравјето на децата“, рече Змијанац на блокираната „Илинденска“.
Голем број од граѓаните симболично носеа заштитни маски. Ги носат се почесто и кога не се на протест. Дел граѓани држеа транспаренти со натписи „Децата траба да дишат“ и „Воздух сега“, а други посочија дека загадувањето бара сеопфатен, систематски пристап, но и поголем буџет за оваа проблематика
Децата треба да дишат, воздух сега!
Граѓани протестираа пред Влада и ја потсетија власта за одговорноста за загадувањето
Скопје протестира: Воздух сега!
Воздух сега! Граѓаните побараа итно решавање на проблемот со загадениот воздуџ.
Имам право на чист воздух1
Спасете ги децата од загадувањето!
https://www.youtube.com/watch?v=HS_Brk-78Bk

Share This Video


Download

  
Report form
RELATED VIDEOS