Граѓански активисти на марш_ Превентивен протест против загадувањето на воздухот

Views 0

Од Коалицијата О2 потенцираат дека загадувањето во Македонија се должи на многу причини, од кои главните се: противзаконското работење на индустриските погони (без инсталација на соодветни филтри и без придржување до пропишани стандарди), непланското уништување на урбаното зеленило, незаконската и агресивна урбанизација, неспособноста за управување со отпадот, застарените решенија за транспорт, греење итн.
- Иако според Уставот на РМ здравата животна средина му е загарантирана на секој граѓанин на нашата земја, во последниве години сите сме сведоци дека во реалноста не е така. Сите живееме заедно во оваа мала земја со големо загадување, и без оглед на сите разлики, воздухот ни е можеби единствената заедничка спојка и токму затоа треба постојано да инсистираме на севкупно подигнување на еколошката свест. Бидејќи проблемот е директно поврзан со здравјето и наједноставно се работи за живот или смрт – посочуваат организаторите пред утрешниот марш.
Придружете ни се на Мировниот марш за чист воздух
Четврток, 21 септември, 17 часот, старт пред Влада на РМ
- Децата имаат право на чист воздух. Децата имаат право на здрава животна средина. Aерозагадувањето е еден од главните фактори за смртност кај децата. Алергии, астма, бронхит и низа други респираторни болести, ова се само дел од последиците по здравјето на младиите како резултат на енормно загадениот воздух. Загадувањето на воздухот е еден од главните фактори за смртност кај децата. Со загадувањето, на децата им е нарушено најелементарното право на живот. Секое второ дете се лекувало од респираторни болести кои најчесто се директна последица на загадениот воздух.Загадувањето на воздухот, животната средина и природата е кривично дело и за последиците по здравјето на децата треба да одговараат сите кои на директен начин придонеле и се одговорни за состојбата – истакна Драги Змијанац, претседателот и основач на Првата детска амбасада во светот Меѓаши. Во Мировниот марш, со свои активности ќе бидат вклучени и ученици од основните и средните училишта од повеќе градови, а поддршка даваат и општините.

Share This Video


Download

  
Report form
RELATED VIDEOS