Потпишан меморандум за соработка помеѓу две граѓански иницијативи

Views 8

Потпишан меморандум за соработка помеѓу граѓанските иницијативи за Заедничко и одговорно родителство по развод и за Изедначување на правата на лицата со посебни потреби ,,5 до 12”
Во текот на денешниот ден, 06.09.2017, се одржа прес конференција на горенаведените иницијативи и на Првата детска амбасада Меѓаши, на која се потпиша меморандум за соработка помеѓу иницијативите. Исто така, претставниците на овие иницијативи ја информираа јавноста за моментниот статус околу законските промени кои ги предлагаат и говореа за заедничките интереси заради кои воспоставуваат соработка.
Наум Рибароски од Иницијативата за заедничко и одговорно родителство по развод објасни дека по двеипол годишно работење, Иницијативата свртува нов лист. И покрај јасно изразената поддршка на стручната јавност во однос на нивните предлози, ставот на МТСП е дека иако овој проблем треба да се реши, тоа нема да се случи пред 2019 година. Со оглед на се поголемиот број засегнати деца и продолжувањето на праксата едниот родител да се исклучува од животот на децата по развод, Иницијативата најави дека не се согласуваат со ваквото одолговлекување. Затоа, ќе интензивира со поинтензивно присуство во јавноста следниот период и изложување на поединечни случаи како во медиуми, така и пред надлежните, од кои се гледа дека не е постапувано во интерес на децата.
Во однос на склучувањето на меморандумот за соработка со ,,5 до 12”, Рибароски изјави дека е тоа сродна иницијатива каде децата се исто така во фокусот, а предлогот за заедничко и одговорно родителство е од особена важност за семејствата со деца со посебни потреби. Заедничка заложба на двете Иницијативи е да државата изгради систем каде еднаквите родителски права и обврски ќе бидат загарантирани, а во случај едниот родител да се откаже од родителските права, да нема можност да биде ослободен и од обврските околу детето.
Сузана Стојановска од ,,5 до 12” изјави дека децата со хендикеп не се прифатени од околината и не се препознаени во нашето законодавство, па не се спомнати ниту во Законот за семејство. Тие деца заслужуваат шанса и како посебна категорија треба да им се даде и посебен третман во законодавството. Раѓањето на деца со посебни потреби претставува шок за секое семејство и оттука многу често се случува браковите да се распаднат и овие деца да се одгледуваат од самохран родител, најчесто самохрани мајки. Затоа во наш интерес е прецизно да се дефинира терминот самохран родител како основа за обезбедување поддршка за овие деца и родители од државата.
Инаку, поддржувачи на Иницијативата за заедничко родителство и после развод се и други самохрани мајки, во вистинската смисла на зборот. Една од нив е и Љубинка Јаневска која, ги демантираше гласините кои кружат на социјалните мрежи дека Иницијативата за заедничко и одговорно родителство е против самохраните мајки. ,

Share This Video


Download

  
Report form
RELATED VIDEOS