Детето во фокусот – итна потреба за воведување заедничко родителство по развод

Views 6

Во организација на народниот правобранител, Граѓанската иницијатива за воведување на заедничко и одговорно родителство по развод и Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ и со поддршка на Националниот демократски институт (НДИ), се одржа конференција за потреба од воведување на заедничко родителство по развод во Македонија и влијанието на овој концепт врз остварувањето на правата на детето.
Разводот на бракот, беше нагласено на конференцијата, не значи престанок на родителството, така што родителите треба одговорно и еднакво да се грижат за детето и по разводот. Потребно е да се смени сегашната неправедна положба во однос на остварувањето на родителските права по развод, а во насока на воведување заедничко старателство.
Во таа насока, потребни се измени на Законот за семејството со кој ќе се овозможи остварување на целите на одговорно родителство и по разводот, на кои упатува и практиката на Европскиот суд за човековите права, но и Резолуцијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа 2079 (205) во која се нагласуваат еднаквоста и споделената одговорност.
„Споделената родителска одговорност значи дека родителите имаат права, обврски и одговорности во однос на своите деца. Инволвирањето на двајцата родители во одгледување на нивното дете е благопријатно за развојот на тоа дете. Разделбата на родителот од детето има непоправливи последици врз нивната врска. Една таква разделба треба да се наложи од страна на суд и тоа само во исклучителни околности кои предвидуваат тешки ризици за интересот на детето“, се вели во Резолуцијата на Советот на Европа во која се нагласува и улогата на татковците во однос на нивните деца.

Share This Video


Download

  
Report form
RELATED VIDEOS