Загрижувачки извештај: Злоупотреба на деца од деца

Views 3

Загрижувачки извештај: Злоупотреба на деца од деца
Телевизија 24 Вести 01.02.2017 |
Прекршување на правата на децата при бракоразводни постапки, семејното насилство и питачењето, односно искористувањето на детскиот труд се најчести форми на прекршување на детските права пријавени на СОС телефонот за деца и млади минатата година- ова го покажува годишниот извештај на Првата детска амбасада во светот Меѓаши. Алармантни се бројките и на деца-фантоми кои немаат лични документи што ја прави нивната судбина незивесна-вели директорот на Меѓаши, Драги Змијанац.

„Има околу 1500 до 2000 деца без извод од матичната книга на родените. Секогаш одиме со една сива бројка од неевидентирани деца . Тоа може да биде киднапирано, силувано, неговите органи да се продадени или да исчезне од државата. Главното решение на државата е вклучување на такви деца во образованието уште во најмала возраст“ - вели Драги Змијанац, директор на Првата детска амбасада Меѓаши.

Во годишниот извештај е нотирано дека според јавувањата постои сомнеж за сексуална злоупотреба на деца од страна на малолетни лица.

„Во периодот од јануари до декември 2016 имаме добиено информации за шест деца за кои постои сомнеж за сексуална злоупотреба. Станува збор за деца од машки и женски род. Таквата злоупотреба се случила од страна на близок или познаник на детето. Според податоците на „Меѓаши“ постои сомнеж за сексуална злоупотреба од страна малолетни лица“ - вели Ангела Маневска, Координаторот на СОС телефон.

Во текот на 2016 година сервисот за директна помош и материјална поддршка на Меѓаши го искористиле 138 граѓани што живеат на работ на сиромаштија.СОС телефонот за деца и млади функционира 23 години и досега на него се регистрирани вкупно 20.537 повици.

Share This Video


Download

  
Report form
RELATED VIDEOS