Развивање култура за мир кај децата од најрана возраст

Views 8

ТВ МТМ Емисија КОЛЕСЕК Гости Психолог: Славица Благоеска Градинка "Детска Радост" Скопје и Катерина Конеска Раководителка на програми Прва детска амбасада во светот МЕЃАШИ Благоеска Во прилог на регионален пристап за работа на развојот на почитување на различноста и градење на мирот, преку работа со деца и возрасни кои влијаат на нив, пред се родителите, воспитувачите и негувателките, се обидовме да истражиме одредени аспекти од воспитувањето и однесувањето во меѓусебната комуникација. Семејство- дете – градинка се триаголник на партнерство во поддршка на развојот на личноста и напредувањето на детето. Воспитно образовната работа и сродните практики како свои столбови имаат љубов, почитување, истрајност, креативност, отвореност во споделување на идеите и искуствата. Проектот,, Култура за мир,, е работен со цел и надеж дека пораките од децата, родителите, вработените од градинката со својата искреност и автентичност ќе инспирираат и поттикнат позитивни промени во активностите, однесувањето и меѓусебните односи.

Благодарност до децата, родителите и вработените од градинката „Детска радост“ Скопје за соработката во истражувачкиот процес и обликување на нашата приказна како поддршка на програмите за култура за мир.
Психолог: Славица Благоеска

Share This Video


Download

  
Report form
RELATED VIDEOS