По разводот меѓу Наум Рибаровски и неговата сопруга, нивните две малолетни деца биле доделени на мајката. Тој како татко добил законска можност да биде со нив два викенда во текот на месецот, и два ипол часа меѓу овие гледања.Ситуацијата не успеал да ја измени иако неколку пати пред надлежните институции реагирал дека доделеното заедничко поминато време од 5 дена месечно е прекусо.
-Вкупно кога ќе се пресмета, заедничкото време кое го поминувам со двете деца е многу помалку од она кога бевме во брак, се наруши нормалниот однос меѓу мене и децата, не можам да влијаам врз нивните животи, вели Наум Рибаровски.
Има и полоши примери ,регира Рибаровски особено во ситуации кога се помали децата , бидејќи тогаш времето на гледање со таткото надлежните го ограничуваат и на еднаш месечно. Вакват пракса на центрите , во која најчесто, по разводот само мајката ги добива сите родителски права според него е занована врз застарен и варварски систем. Токму затоа, заедно со група татковци кои се во сита ситуација како неговата покренале иницијатива за промена на закононот за семејство, која треба да овозможи заедничко гледање на децата.
-Кога децата имаат двајца нормални родители, нема зошто ад се прави дистинкција кај кого ќе биде повеќе или помалку . Овој концепт според сите показатели е најдобар за децата.
Иницијативата ја подржуваат и поголемиот број од психолозите, коиј ја нагласуваат потребата од присуство на двата родтлеи во животот на детето
-Кога едниот родител детето го гледа многу ретко, тој не може да ја одржи блискоста со него, па кај детето често се јавува гнев, вели Марија Стефанова психотерапевт.
Потребата од заедничко родителство ја нагласува и Змијанац од детската амбасада Меѓаши.Нагласува дека бројот на сопружници кои по разводот успеваат да се договорат за начинот и времето на гледање на децата е е многу помал од оние кои постигнуваат каков боило договор
-Родителите не знаат во најдобар интеерс на децата да комуницираат, и тога во нивно име пресекува ЦЕнтарот за социјални работи и судот. На тој начин стануваат завојувани страни, вели Драги Змијанац прва детска амбасада Меѓаши.
Со иницијативата за измена на законот на семејство е запознато министерството за труд и социјална политика. Од таму велат дека дел од решенијата можат да бидат основа за размислување. Тие, заедно со уште неколку предлог закони од сферата на социјалата ќе бидат разгледани кога владата и собранието ќе можат полноважно да одлучуваат, информираат од министерството.
Сања Јовановиќ Дамјановска