Децата треба да научат да ги негуваат различностите

Views 3

Децата треба да научат да ги негуваат различностите
Дечињата во штипската градинка „Астибо" преку цртежи, игри и театар ќе учат како да се премостат разликите и да градат капацитети за мир толеранција и почитување.
Врз основа на истражувањата од активностите, ќе се изработи акционен план, кој ќе се користи за едукација за почитување на различностите и градење на мир кај децата од предучилишна возраст. Детската градинка Астибо е меѓу 11-те градинки во државата, каде се спроведува програмата „Партнерство за помирување преку раниот детски развој и образование во Европа".
Детската Амбасада „Меѓаши", веќе трета година по ред ја спроведува оваа програма од регионален карактер, во која се вклучени градинки не само во земјава, туку и организации во Србија, Хрватска, Црна Гора, Албанија, Косово и Северна Ирска. Катерина Конеска, раководител на програмата, истакна дека проектот предвидува неколку компоненти, од кои една е и работата со децата во градинките.
Темите од истражувањата понатаму ќе бидат предмет на еден поопсежен мониторинг. Акциони планови и стратегии понатаму ќе бидат публикувани и ќе можат да се користат за едукација во градинките. Проектот се реализира трета година и треба да заврши во мај следната година.

Share This Video


Download

  
Report form
RELATED VIDEOS