ТВ КАНАЛ 5, 10/09/2015 Изјава на Драги Змијанац основач и директор на Првата де3тска амбасада во светот МЕЃАШИ
Родителската одгворност кому ќе го доверат детето за чување е клучна во соодветна нега, чување и згрижување на детето. Родителите доколку не успеат да ги вклучат децата во градинка, во приватна градинка или во други алтернативни форми на згрижување и чување во рамките на некоја од компаниите кои отстапиле простор за оваа намена, треба да се обратт до Агнеции кои имаат негователки со лиценца, лица кои имаат положено испит за негователка, кои се проверени дека не се осудувани и имаат знаења, вештини и емпатија за се грижат за бебиња и мали деца. Критериумот да се биде негователка или дадилка е барем да се има средно образование, да се положи испит за негователка, независно од стручната подговка на лицето за да се добие лиценца за негователка за грижа и воспитување на дете. Има во Република Македонија две Агенции кои даваат услуги на лиценцирани негователки и кои гарантират содветна грижа за чување, негување и правилен раст и развој на децата од лицата кои ги ангажирате преку Аагенцијата. Но, пораади поефтината цена на чинење и квалитетот на улугите во рамките на државните градинки многу родители најмногу се заинтересирани децата да ги вклучат во градинка, Цената од 1490 мкд е достапна за секој родител и прифатлива за секое семејтво. Но, проблемот е со долгите листи на чекање во градинките и тогаш некои од родителите се принудени да ангажираат нелиценцирани негователки затао што имаат поефтина цена на чинење на извршените услуги но ризикот е многу поголем ако настанат несакани дејствија преземени од негователка или бебиситерка кога станува збор за занемарување, насилство и злоупотреба на дете. Наша препорака како Прва детска амбасада во светот МЕѓаши е да се користат услугите во градинките, да се направи силен притисок на Министерството за труд и социјална политика да се прошират капацитетите за згрижување на сите деца во градинките и да се даде огромна важност и значење не само на улогата на згрижување и чување на детето туку и на воспитувањето и образованието кај малите деца на предшколска возраст.
Овој случај на класично занемарување, насилство и негрижа од приватно ангажирано лице од стана на родителите и нивиот очај од виденото и нивната храброст видео запсисот да го објавата го гледаме како придонес , опомена и алрам до сите родители да внимаваат кому ги доверуваат децата за чување. Ова што е снимено на видеово е што се знае, а може да помислиме колку уште вакви случаи има/ло кои не се откриени, за жал!
Истотака наше залагање е услугите во градинките да се доведат на повисоко ниво во испорачување на услугиет кон децата, Министертсвото за труд и социјална политика да води строги критериуми во избор и вработување на воспитувачи во градинките, истите да бидат набљудувани од страна на МТСП и родителите секогаш да имаат увид во квалитетот на испораката на услугите кон нивните деца.