Лавина реакции по објавувањето на фотографија од малолетната ќерка на Заев

Views 4

Потсетуваме дека изнесувањето лични и семејни прилики е кривично дело, казниво според членот 174 од Кривичниот Законик.
„Тој којшто изнесува или пренесува нешто од личниот или семејниот живот на некое лице, што може да му штети на неговиот углед, ќе се казни со парична казна или со затвор до шест месеци. Ако ова дело е сторено преку печат, радио, телевизија или со други средства за јавно информирање или на јавен собир, сторителот ќе се казни со парична казна или со затвор до една година. Ако со изнесеното е доведено до тешки последици за оштетениот, сторителот ќе се казни со затвор од три месеци до три години“.
Според чл.19, 34, 36, 39 од Конвенцијата за правата на дететона ОН државите потписнички се обврзуваат да ги штитат децата од сите облици на сексуално вознемирување,искористување и сексуално малтретирање, да ги заштитат од физичко или емоционално насилство, злоупотреба и запоставување, од сите облици на сексуално искористување и сексуална злоупотреба, од сите други облици на експлоатација штетни за детето, и да преземат мерки за подобро физичко и психичко закрепнување, како и за социјална реинтеграција на детето кое е жртва. За таа цел, особено е значајно државите членки да ги преземаат сите соодветни национални, билатерални и мултиратерални мерки за спречување на најлошите форми на сексуална злоупотреба и искористување.
Лавина реакции по објавувањето на фотографија од малолетната ќерка на Заев
22.07.2015 | 16:03
Прочитано: 11066
Бура од реакции во јавноста откако на одредени портали, како и на фејсбук страницата на Миленко Неделковски, беше објавена фотографија од малолетната ќерка на лидерот на опозицијата, Зоран Заев, придружувана со недолични комнетари.

Од Првата детска амбасада во светот Меѓаши, велат дека малолетниците се честа мета на недолични коментари од повозрасни лица. Затоа апелираат т младите да бидат внимателни кога јавно објавуваат фотографии на своите профили, но и да ги користат алатките за заштита кои ги нудат социјалните мрежи.

Според психолозите многу е тешко да се оцени дали недоличните коментари се интернет малтретирање. Затоа децата мора да бидат соодветно заштитени.

Децата се заштитени со сите меѓународни конвенции и домашни закони, но упатените велат дека многу тешко се докажува кога нивните права се прекршени, особено во ера на модерната технологија и социјалните мрежи, кога лични податоци и фотографии се лесно достапни за секого, а со тоа и лесна мета за злоупотреби. http://24vesti.mk/lavina-reakcii-po-objavuvanjeto-na-fotografija-od-maloletnata-kjerka-na-zaev

Share This Video


Download

  
Report form
RELATED VIDEOS