Алсат-М Меѓународен ден за заштита на децата

Views 6

Алсат-М | Меѓународен ден за заштита на децата 1 јуни 2015
Денеска се одбележува меѓународниот ден за заштита на децата. Во Македонија во пораст е бројот на случаи на педофилија и семејно насилство врз децата велат последните податоци објавени од детската амбасада „Меѓаши“. Според првата детска амбасада во светот многу од жртвите и не ги пријавуваат случаите затоа што сторители се нивни блиски.

Минатата година според податоците на СОС телефонот за деца и млади 62 деца биле жртви на насилство во семејството. Најголем број од децата биле жртви на физичко , психичко насилство и негрижа. Според Меѓаши повеќе од 2000 деца во Македонија живеат без родителска грижа во субстандардни услови. Официјана база за податоци за децата на улица не постои.

Статистиките велат дека повеќе од половина или 53 отсто од 215 милиони деца во светот работат во опасни услови. Инаку 1 јуни во 1949 година официјално е прогласен за Меѓународен ден за заштита на децата во светот и оттогаш се одбележува во светски рамки.
http://alsat.mk/News/197796/megjunaroden-den-za-zashtita-na-decata

Share This Video


Download

  
Report form
RELATED VIDEOS