МЕЃАШИ;Одоговорност за смртта на Тамара мора да има

Views 1

МЕЃАШИ: ДА СЕ УТВРДИ ОДГОВОРНОСТ ЗА СИТЕ ПОЧИНАТИ ДЕЧИЊА ОД ИНСТИТУЦИОНАЛНА НЕГРИЖА
Случајот Тамара и претходните трагични случаи кои завршија со смрт на деца ја потврдуваат нефункционалноста и тромоста на системот да постапи брзо, навремено и соодветно кога треба да се спасат детски животи. Не е доволно да сме потресени, згрозени, ниту е доволно да судиме и евидентираме уште еден изгубен детски живот!
Жалосно е што ќе кажеме дека денес децата во Македонија страдаат или умираат од: поплави; сиромаштија; глад; болести; емотивни болки; злоупотреби; педофилија; зависности; немарност на возрасните; родителите; сообраќајни несреќи; лоши бракови; емоционално, физичко и психичко злоставување; нарушување на приватноста во медиумскиот простор; насилство; дискриминација; недостаток на љубов и внимание, но и институционална негрижа...
...долга е листата.
Во последниве години сведоци сме на кршења на правата на децата на: здравствена заштита; кршење на правото на образование; кршења на правата на децата со тешкотии во развојот; децата со различни болести, ретки или чести, тешки болести; деца чија што приватност е нарушена преку медиумите; деца чиј што труд се злоупотребува од страна на некои газди; правото на децата на квалитетно образование...
…долга е листата.
Детската амбасада Меѓаши во континуитет упатува пораки за важноста на превенцијата во заштитата на децата од секакви опасности по нивниот живот.
Последниов месец се случи неколку детски животи да згаснат поради негрижа од страна на државните институции. И покрај тоа во Република Македонија нема соодветна реакција на државните институции, како да се плашат да се отвори дискусијата и сериозно да се повикаат одговорните на одговорност.
Децата се најкршливи по природа, нејнемоќни. Проблем е како да се осигури нивната заштита.
Бараме засилени мерки на превенција, бараме соодветна, адекватна заштита на секое дете и бараме одговорност. Само така нема да се повторуваат зачестените случаи каде децата се жртви на инстуционална негрижа.
Треба да се соочиме со реалноста која ни се случува последниве години на полето на заштитата на децата. Една од мерките е институциите да дадат отчет за сите случаи каде децата биле жртви на негрижа. Треба да се поднесе одговорност од етички и кривичен аспект. Затоа ги повикуваме Јавниот обвинител и Народниот правобранител да го испитаат не само случајот Тамара туку и сите други случаи каде има основ да се постапува да ја степенуваат и да ја утврдат одговорноста и да поднесат кривични пријави против одговорните за случаите на згаснат детски живот поради негрижа, занемарување... Без разрешница на овие случаи нема да имаме праведен систем кој води сметка за најдобриот интерес на децата, нивното здравје, сигурност и правилен раст и развој.
Со утврдувањето и степенувањето на одговорноста на случајот Тамара и сите претходни случаи кога се утврдува одговорност од страна на системот, државата ќе покаже дека ги почитува сите меѓународни стандарди, норми, закони и конвенции за

Share This Video


Download

  
Report form
RELATED VIDEOS