22 РОДЕНДЕН НА ПРВАТА ДЕТСКА АМБАСАДА ВО СВЕТОТ МЕЃАШИ ТВ СОНЦЕ ЕМИСИЈА НЕДЕЛЕН ВИТРАЖ 2 МАЈ 2014 ГОСТИН ЈАСМИНА ЦОКОВСКА ШЕКТАНСКА УРЕДНИК ВИОЛЕТА ШПЕТРОВСКА ТЕМА 22 ГОДИНИ ОД ОСНОВАЊЕ И РАБОТЕЊЕ НА ПРВАТА ДЕТСКА АМБАСАДА ВО СВЕТОТ МЕЃАШИ

Views 21

ТВ СОНЦЕ ЕМИСИЈА НЕДЕЛЕН ВИТРАЖ 2 МАЈ 2014
ГОСТИН ЈАСМИНА ЦОКОВСКА ШЕКТАНСКА УРЕДНИК ВИОЛЕТА ШПЕТРОВСКА
ТЕМА 22 ГОДИНИ ОД ОСНОВАЊЕ И РАБОТЕЊЕ НА ПРВАТА ДЕТСКА АМБАСАДА ВО СВЕТОТ МЕЃАШИ
Првата детска амбасада во светот „Меѓаши", Република Македонија денеска одбележува 22 години од постоењето и делувањето.

Основана е на 29 април 1992 година во Скопје, како светска асоцијација и прва регистрирана меѓународна, непрофитна, непартиска и невладина организација во Република Македонија за заштита на правата на детето. Основачи се Гордана Пирковска Змијанац и Драги Змијанац.

„Меѓаши" се залага за почитување на детската личност преку заштита на нивните права, застапување на детските интереси и преку збогатување на животот со содржини, кои детството го прават сигурно и творечко. Го зајакнува НВО движењето за правата на детето, развивајќи го волонтерскиот пристап во работата и се грижи за спроведување на Конвенцијата за правата на детето.
Со своите активности придонесе во развивањето и јакнењето на граѓанската свест за детските права. Го сруши молкот за детските страдања, особено за физичката, сексуалната и економската злоупотреба на децата, откривајќи во јавноста повеќе случаи на злоупотреби и директно ангажирајќи се за воспоставување поефикасни механизми за заштита на децата.

Во истражувањето наменето за „Довербата во граѓанското општество" и „Познавањето и мислењата за граѓанските организации" направено во 2011 година „Меѓаши", според анкетираните граѓани е на прво место во однос на доверба, на втора е како пример на најуспешна организација и во секторот Демократија и човекови права, а четврта во организација во Развој на граѓанско општество.

Share This Video


Download

  
Report form
RELATED VIDEOS