ДЕЦА ВОВЛЕЧЕНИ ВО КАМПАЊАТА ТВ ТЕЛМА Изјава Драги Змијанац

Views 33

ТВ ТЕЛМА 10 април 2014 Народниот правобранител и Детската амбасада „Меѓаши" апелираат до политичките партии да се воздржат од какво било инволвирање на децата во изборните кампањи. Вчерашниот митинг на коалицијата За подобра Македонија во струмичко Босилово е класичен пример за злоупотреба, кога носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ во Четвртата изборна единица Зоран Ставрески им се обрати на децата кои беа облечени во партиски обележја, ветувајќи им низа поволности. За ваквата манипулација со најмладата популација, покрај партиите, виновни се и самите родители кои го носат децата на митинзи, вели директорот на Детската амбасада Драги Змијанац.
Дополнителен проблем, според Змијанац е непостоењето на контролен механизам за санкционирање на ваквите активности. Никој досега не презел санкции, вели Змијанац.

И до Народниот правобранител се пристигнати преставки за злоупотреба на децата за партиски цели, но освен апел, тие немаат ингеренции да интервенираат. Потсетуваат само дека се работи за прекршување на слободите и правата, што е спротивно на сите меѓународни и домашни правила за заштита на правата на детето.

Share This Video


Download

  
Report form
RELATED VIDEOS