За две години умреле три деца нарко-зависници, нема институционална грижа

Views 6

За две години умреле три деца нарко-зависници, нема институционална грижа
од Дехран Муратов, НОВА | објавено на: 25-03-2014 16:21:48
Деца од одвај десетина години секој ден се на улица и конзумираат наркотични средства.

Државата е немоќна да им пружи соодветна терапија за да се излечат од нарко зависноста бидејќи нема соодветен центар за лечење и спречување на малолетничка нарко зависност под 16 години.

Во изминатите две години, починаа три деца зависници од наркотични средства, поради тоа што во државата нема соодветна институција каде што може да се лекуваат, изјави Влатко Деков, од невладината организација ХОПС. Тој додава дека најмладиот регистриран нарко зависник има само девет години, а можноста да биде згрижен и да добива медицинска терапија „Метадон" и „Бубренорфин" ќе може да ја користи дури кога ќе наполни 16 години.

„Ако детето има само девет години, треба да чека дури седум години за да му се пружи помош, кој ќе гарантира дека до тогаш ќе биде живо и дека нема да умре", прашува Деков.

Уранија Пировска од Хелсиншкиот Комитет за човекови права, вели дека децата почнуваат да користат најчесто лепак, а ако навремено не се спречат, подоцна преминуваат на потешки дроги. Таа е загрижена дека во државата сеуште нема центар и институција за згрижување на малолетни нарко зависници. Пировска потенцира дека ваквите деца се потенцијални жртви на трговија со деца, проституција и малолетна деликвенција.

Јана Зенговска од детската амбасада „Меѓаши" вели дека децата најчесто стануваат нарко зависници, поради недоволната родителска грижа.

„Детето најчесто почнува да користи дрога за да биде забележан, никој не почнал да користи дрога затоа што му е добро. Затоа апелирам до родителите да им посветат повеќе внимание на своите деца, и се надевам дека државата ќе има слух да отвори центар за згрижување на малолетните нарко зависници.

Од Министрерството за труд и социјална политика не добивме никаков одговор. Од таму не ни кажаа дали има некаков план за изградба на центар за згрижување на малолетни нарко зависници.

Share This Video


Download

  
Report form
RELATED VIDEOS